Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Време е за прочистување на организмот: Напиток за детоксикација направен од само 2 состојки кој го намалува апетитот и помага при слабеење…

Покрај придобивките за слабеење, оваа комбинација на телото ќе му ги обезбеди потребните витамини и минерали, па сигурно ќе имате чувство дека денот го започнувате со малку повеќе енергија.

По зимските месеци, секогаш ни е малку грижа на совест за претерување со храна и пијалоци. Бидејќи е само прашање на време кога ќе скокнеме во модни парчиња кои откриваат малку повеќе кожа, добро е при рака да имате пијалоци кои ќе ви бидат одлични сојузници во слабеењето.

Достигнувањето на идеалната фигура на вагата не е лесна задача и нема брзи решенија со кои преку ноќ ќе се постигне посакуваната промена, но со редовно вежбање и правилна исхрана, некои пијалоци можат да бидат многу корисни и барем малку да го забрзаат доаѓањето на посакуваните резултати. Не ни знаеме колку варијанти на пијалоци за детоксикација има, а еден таков пијалок се издвои како апсолутен фаворит по кој посегнуваме во деновите на подготовка за летната сезона.

Станува збор за напиток од лимон, магдонос и вода – комбинација која можете да ја направите за пет минути, а одлична е бидејќи го поттикнува варењето, ги исфрла токсините од телото и го поттикнува слабеењето.

Исто така, овој напиток може да ја намали лошата навика поради која не пиеме доволно вода во текот на денот, што е еден од најважните сојузници во слабеењето бидејќи пијалоците го намалуваат апетитот, па затоа чаша вода половина час пред оброк е одличен начинза да го намалите внесот на храна. За овој пијалок ви е потребно:

-60 грама магдонос

-1 лимон

-250 ml вода

Подготовка:Магдоносот ситно се сечка. Пожелно е да не го ставате во блендер бидејќи напитокот ќе биде горчлив, а потоа исцедете го целиот сок од лимон врз сечканиот магдонос, додадете вода и сè заедно изблендирајте.

Овој напиток пијте го секое утро, веднаш штом ќе се разбудите, пет дена по ред. По петтиот ден, потребно е да направите пауза од 10 дена, а потоа можете повторно да започнете со оваа детоксикација. Покрај придобивките за слабеење, оваа комбинација на телото ќе му ги обезбеди потребните витамини и минерали, па сигурно ќе имате чувство дека денот го започнувате со малку повеќе енергија!

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement