Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Вреди да се обидете: Со оваа едноставна навика пред јадење, побрзо и полесно губите килограми…

Секако дека чуда не постојат,но сепак е можно да се ослабне на здрав начин без непријатни потреси за организмот.Постојат одредени навики кои ви дозволуваат да се храните свесно и здраво за да избегнете прејадување и да придонесете за слабеење.

Одредени навики го олеснуваат и го прават поздраво слабеењето,а не зборуваме за чудотворни пијалоци кои ветуваат промени преку ноќ.

Едноставна навика која секој од нас може да ја испроба може да помогне во процесот на слабеење, а ја препорачува д-р Оливие Куртин-Кларинс, директор на групата Clarins и автор на книгата „Убавина на чинија“.

Овој искусен доктор откри совет кој звучи толку едноставно и логично што навистина сакаме да го пробаме што е можно поскоро.

Неговата добра навика која помага за слабеење е да пие голема чаша вода точно 20 минути пред оброк, односно пред да седнеме на маса, бидејќи го намалува чувството на глад и не спречува да јадеме храна на празен стомак,пишува француски Vogue.

Според него, овој трик навистина помага, а освен тоа, хидратацијата е исклучително важна за регулација на метаболизмот и додава дека дефинитивно треба да пиеме чаша вода со просечна големина на секој час во текот на денот.

Неговиот совет е во согласност со претходните истражувања кои ја анализираа врската помеѓу потрошувачката на вода и губењето на тежината и покажаа дека луѓето кои сакаат да ослабат на здрав начин и кои пијат половина литар вода пред оброците губат повеќе килограми.Еден од експертите вклучени во овие студии, Хелен Парети, предавач на Универзитетот во Бирмингем, ги сумира придобивките од оваа навика.

„Совршеноста на овие резултати лежи во нивната едноставност.Едноставниот чин на пиење половина литар вода, три пати на ден, пред главните оброци, може да ви помогне да изгубите тежина“, објаснува таа.

Само пиењето вода пред јадење не влијае на слабеењето, но ви овозможува да дојдете до трпезата со мало чувство на ситост и на тој начин помага во подисциплиниран и помал внес на храна.

Некои експерти, исто така, советуваат дека избегнувањето на пиење вода за време на оброкот и нејзиното консумирање пред или после може да го подобри варењето бидејќи избегнува мешање во разредувањето на ензимите за варење, а пиењето вода за време на оброк може да го забави дигестивниот процес.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement