Болки во грлото е нешто што го среќаваме во кое било време од годината, но најмногу за време на студените месеци. Тешкотии при голтање, засипнатост, иритирано и болно грло придружено со чувство на печење се најчестите симптоми на воспаление, а може да ги ослободите со природни состојки. Направете си лековит сируп кој помага при воспаление на грлото.
СОСТОЈКИ:
– 4 лажици мед
– 1 лажичка куркума во прав
– 1 лажичка ситно рендан ѓумбир
– 1 лажичка мелен лук
– ½ лажички цимет во прав
– ½ лажички лута пиперка во прав
– 4 лажици сок од лимон
– сок од 1 портокал
ПОДГОТОВКА НА СИРУП ПРОТИВ ВОСПАЛЕНО ГРЛО:
Загрејте го медот на умерена температура додека не се разреди и додадете ги сите други состојки. Измешајте добро и оставете да отстои еден час. Потоа исцедете го сирупот преку цедалка или обична газа и чувајте го во тегла. Умерено консумирате лажичка сируп два до три пати на ден.
