Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Вкусно, здраво и со неочекувана состојка: Топло чоколадо без млеко (рецепт)

Незаборавен вкус!

Не ви треба млеко за да направите вкусна чаша топло чоколадо. Едноставно користете авокадо наместо тоа.

Иако секако е една од најнеочекуваните состојки во секој рецепт за топло чоколадо, по првата голтка никогаш повеќе нема да ја изоставите.

Заради авокадото, овој рецепт не бара ниту млеко ниту ореви – само вода. Имено, авокадото создава прекрасна структура на пијалокот и додава здрави масти што го прави овој пијалок подобра варијанта од традиционалното топло чоколадо.

Покрај тоа што ги има сите својства што некогаш би ги посакале во шолја топло чоколадо, овој рецепт содржи и малку протеини благодарение на путерот од бадем, како и циметот. Сè што треба да направите за да го направите е да ги додадете состојките во блендер и да мешате додека не стане совршено мазно. Лесно, здраво и вкусно.

СОСТОЈКИ:

1 авокадо

3 лажици (суров) какао во прав

1 лажичка екстракт од ванила

нотка на морска сол

1/4 чаши јаворов сируп

2 лажици путер од бадем

дарежлива количина цимет (опционално, но препорачано)

2 до 3 чаши зовриена вода

Подготовка:
Измешајте ги сите состојки додека смесата не се изедначи, почнувајќи со две чаши вода и додавајќи уште додека не ја достигнете саканата густина. Ако сакате, загрејте го пијалокот малку повеќе. Прелијте со шлаг или колачиња (вегански или класични) и уживајте!

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement