Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Витаминска бомба: Рецепт за вкусна салата која ќе ве држи сити цел ден…

Дојде време за млад грав, витаминска бомба во светот, кој е совршен избор кога сакате да јадете нешто вкусно, здраво, хранливо и заситено.

Гравот е благодарна и евтина храна која можете да ја подготвите на безброј начини. Вкусен е во класична манџа, а можеме да го јадеме во разни комбинации, со јачмен, хељда и ориз или како здрав намаз за крекери.

Кратко на пареа доколку е конзервиран , може да послужи како хранлива основа за летна салата во која можете да додадете зеленчук по желба. Изберете основа од зелен лиснат зеленчук, сварете јајце и исечете го омилениот сезонски зеленчук, измешајте сè со вкусен прелив и ќе добиете салата која ќе ве натера да заборавите на главното јадење.

Салата од грав – состојки:
450 гр грав
Неколку листови зелена салата
Две тврдо варени јајца
Шери домати
Црни маслинки
Половина главица виолетов кромид
Сушени домати по желба
За прелив:

4 супени лажици маслиново масло
2 чешниња лук
1 кафена лажичка сенф
Сок од два лимона
Сол, бибер
Салата од грав – подготовка:
Гравот се вари во солена зовриена вода. За целосен вкус, можете да готвите грав во супа од зеленчук. Во зовриената вода додадете една коцка супа од зеленчук, додадете го гравот и варете додека не омекне.
За тоа време исецкајте го зеленчукот. Марулата и кромидот исечкајте ги на ленти, а шери доматите исечете ги на половина. Црните маслинки исечкајте ги на прстени, а јајцата тврдо сварете ги и исечете ги на четвртинки.
Кога гравот е сварен, измешајте го со остатокот од зеленчукот.
Подгответе го преливот. Притиснете го лукот, измешајте со останатите состојки и зачинете. Прелијте го преливот врз зеленчукот и гравот и на крајот наредете ги јајцата одозгора.
Послужете како прилог риба или друго месо , а може и само да додадете малку фета сирење за целосен оброк.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement