Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Високите температури го поттикнуваат потењето во поголема мера од вообичаено,Пет одлични совети за помалку потење…

Високите температури го поттикнуваат потењето во поголема мера од вообичаено, па затоа не треба премногу да се грижите за зголеменото потење во лето.

Сепак, за некои тоа е проблем, не само поради непријатниот мирис, туку и поради дамките кои остануваат на облеката.

Посегнете по јаболков оцет

Оцетот помага во стеснување на порите на кожата, а со тоа го контролира потењето. Покрај тоа, јаболковиот оцет е добар за убивање на бактериите кои всушност предизвикуваат мирис на пот.Сè што треба да направите е да го нанесете изобилно со памук на проблематичната област пред спиење. Наутро измијте го со вода. Дополнително, добро е секој ден да пиете по една лажичка оцет измешан со вода, а тоа помага да се регулира потењето.

Пијте доволно вода
Дехидрацијата може да доведе до зголемено потење. Затоа, погрижете се секој ден да внесувате доволно вода во вашето тело. Експертите велат дека жените треба да пијат два литра, а мажите три.

Избегнувајте зачинета храна
Познато е дека феферони и друга зачинета храна го стимулираат потењето, па ако не сакате да бидете влажни во топлите денови, јадете помалку зачинета храна. Сепак, не заборавајте дека постојат студии дека зачинетата храна е одлична за здравјето, бидејќи биоактивна состојка на лутите зачини е капсаицинот. Токму тој добро влијае на здравјето, а го има во чилито, феферони и кајенскиот пипер. Колку повеќе капсаицин, толку потопол е вкусот на храната.

Носете облека што дише
Избегнувајте фармерки и друга тесна облека. Носете лабава облека што дише. Задолжително избегнувајте парчиња изработени од вештачки материјали, бидејќи таквата облека генерално не дозволува воздух да помине, а со тоа го засилува дополнителното потење, а со тоа и непријатниот мирис.

Вежбајте
Додека вежбате повеќе ќе се потите, но кога ќе престанете тоа ќе биде помалку изразено поради зголеменото лачење на ендорфин – хормонот на среќата кој го намалува нивото на кортизол (хормонот одговорен за стрес). Тоа, пак, резултира со подобро расположение и ги намалува несаканите нуспојави кои доаѓаат со анксиозноста, како што се зголеменото потење и непријатниот мирис, пренесува 24сата.

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement