Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Викторија Бекам зема колаген во прав за појадок како дел од нејзината веганска диета

Викторија Бекам, која често зборуваше за своите битки со акните, ја покажа својата гардероба со додатоци и додаде дека целата храна е вегетаријанска, направена за луѓе на диета од растителна основа.

“Земам и колаген во прав. Го мешам со моите пробиотици и го пијам секое утро”, изјави таа.

46-годишната дизајнерка ги сподели деталите за својот „режим на мултивитамини“ откако нејзиниот сопруг Дејвид Бекам откри дека тој станал вегетаријанец.

Открила дека утрото го започнува со две лажици јаболков оцет на празен стомак, а потоа и чаша врела вода со исцеден лимон.

Викторија потоа прави „зелено чудовиште“ од смути, што е мешавина од јаболка, киви, лимони, спанаќ, брокула и семиња од чиа, кое го пие со чинија пченично семе со органско незасладено бадемово млеко.

Мајка на четири деца открила и дека јаде „три или четири авокадо“ на ден.

„Не станува збор за желба да изгледаме помладо“, изјави таа, но додаде дека поради оваа диета нејзината кожа изгледа „сјајна“.

Она што особено го истакна е дека никогаш не прескокнува оброк, не само од здравствени причини, туку и затоа што сака да биде добар пример за своите деца.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement