Во најновата епизода од подкастот „Art of Wellness“ чиј домаќин беше лекарот натуропат Вил Кол, актерката Гвинет Палтроу се отвори за нејзината секојдневна велнес рутина.
Гвинет откри дека обично јаде двапати до пладне.
- Водам еден вид на периодичен пост.Наутро јадам нешто што нема да ми го зголеми шеќерот во крвта. Добро е што ми остава простор и за кафе во меѓувреме. А потоа некаде околу 12 часот повторно јадам нешто – изјавила актерката.
Тој оброк напладне, рече таа, е главно супа. Поточно, Гвинет на своето мени има чорба, или супа од коски. Се прави со варење на коските, што има многу здравствени придобивки.
Палтроу, исто така, рече дека се обидува да издржи еден час движење во нејзиниот дневен распоред, или преку пешачење, пилатес или вежбање со нејзиниот фитнес гуру.
- А потоа малку подоцна одам во сауна. Останувам таму околу половина час – откри познатата актерка.
По оваа нејзина рутина, Гвинет вечера некаде пред вечерата.Кога го кажа тоа, мислеше дека не треба да јадеме предоцна.
- За вечера се трудам да јадам според правилата на палео диетата. Тоа значи многу зеленчук. Навистина ми е важно да ја правам детоксикацијата на тој начин – изјавила Гвинет.
Палео диетата е диета заснована на храната за која се верува дека ја јаделе раните луѓе, а се состои главно од месо, риба, зеленчук и овошје и со исклучок на млечни производи, житарки и преработена храна.
Како што кажавме претходно, ова видео за многу кратко време собра три милиони прегледи. Сепак, мислењата се многу спротивставени. Некои се воодушевени од нејзината диета, а други сметаат дека е малку претерана, односно дека ова е само изговор за гладување.
@dearmedia #gwynethpaltrow shares her daily wellness routine on The Art Of Being Well, listen now 🎧 #wellnessroutine #healthandwellness #healthylifestyle #routines #goop #podcastclips ♬ Aesthetic – Tollan Kim
Некои беа малку поостри во своите коментари, нарекувајќи ја лажга и прашувајќи дали е можно да се преживее со толку мал внес на калории.
- Како е оваа жена воопшто жива – прашал еден од корисниците на Тик Ток.
А имаше и духовити коментари.
- Да јадев вака, веројатно ќе останав само со коски без никакво месо. Но, еј, барем тоа е практично. Вака се заштедува на храна, па може да го продолжите патувањето за одмор за неколку дена – се пошегува една девојка во коментарот.
