Диетата на Кејт Мидлтон е пред вас!
И покрај трите бремености што ги имаше, Кејт Мидлтон успеа да ја задржи елегантната фигура, а по секоја ја врати својата линија за рекордно време. За разлика од нејзината сестра Пип, војвотката од Кембриџ не е склона кон вежбање, но неактивноста во таа област, Кејт ја заменува со строги диети кои вклучуваат сурова храна со висока содржина на протеини со минимално количество јаглени хидрати и повремени десерти.
Покрај ограничувањата за лична храна на Кејт, како член на кралското семејство, забрането е да јаде одредени работи, но тоа не ја спречува да експериментира со храната. Кејт наводно прибегнала кон диета која се состои од протеини, зеленчук, овошје и леб од цели црна пченица со цел да ослабне пред венчавката. Таа е исто така голем љубител на сурова храна, која вклучува разни јадења без термичка обработка.

Меѓу нејзините омилени специјалитети се суровата риба маринирана со сок од лимон и други зачини, салата од лубеница, гаспачо, гоџи бобинки и бадемово млеко. Наводно јаде сурова храна барем еднаш неделно, со цел да го задржи сјајот на кожата покрај нејзината беспрекорна фигура.
