Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Вежбајте со Хали Бери (и нејзиниот секси инструктор)

Откако стана препознатлива во Холивуд во 1990-тите, Хали Бери важи за една од најзгодните актерки во светот. А сепак, секогаш кога ќе ја видиме, таа не импресионира со својот изглед. Актерката во август годинава полни 56 години, а на сликите кои ги објави на Инстаграм пред неколку дена изгледа барем дваесет години помладо. Како е тоа можно? Веројатно се работи малку за генетиката, но многу повеќе за начинот на живот и вежбите што ги практикува, добро, целиот нејзин живот.

Со новите слики, актерката го најави стариот фитнес предизвик #FitnessFriday, каде на своите пријатели и придружници им дава совети за вежбање секој петок и ги охрабрува да започнат. Во бела памучна маица врзана во јазол и долен дел од костим за капење со тропски принт, актерката вози скејт во друштво на фитнес инструкторот Питер Ли Томас, покажувајќи дека сака да вежба, но уште повеќе да има забава.

Иако можеби не се облече адекватно за скејтборд, таа покажа дека одлично се снаоѓа на скејтборд, исто како и пред камера.

За да ги охрабри придружниците во новите фитнес предизвици, Хали им испрати неколку пораки овој петок, меѓу кои: „Работете на тоа да станете најдобра верзија од себе, но секогаш останете со две нозе на земја… или четири тркала“, алудирајќи на скејтбордингот, додека во вториот пост на своите следбеници им порача дека е многу важно да се охрабруваат себеси, но и другите додека вежбаат.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement