Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Вашата крвна група открива каква врска имате: Нула е романтична, а еве кој никогаш нема да ви ги врати чувствата

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и навики. Ова важи во сите сфери, од работа до љубов.

Според древната источна култура, крвната група е одговорна за одредени особини исто како и вашиот хороскопски знак, па затоа може да се користи и за да се утврди каков љубовен живот ве очекува.

Група А

Луѓето со оваа крвна група се искрени, чувствителни, трпеливи и резервирани. Тие се добри партнери и секогаш можете да се потпрете на нив. Не се многу забавни во кревет, но го надоместуваат тоа со одлични социјални вештини, па затоа се одлично друштво на вечера. Секогаш подготвени да пружат поддршка, тие се одлични родители и добро се справуваат со стресни ситуации.

Група Б

Оние кои припаѓаат на оваа крвна група се диви, страсни, креативни и силни. Тие се себични и неодговорни во врските, но понекогаш тоа е токму она што многу луѓе го бараат. Мажите со оваа крвна група се сметаат за „лоши момчиња“ и често се себични.

Група AB

Овие луѓе се ладни во главата, смирени, рационални, со многу изразена социјална страна. Лесно се прилагодуваат на секоја ситуација. Одлични се за врски, но мора да бидете подготвени за едно: никогаш нема да ви ја вратат љубовта во иста мера како што ја примаат. Покрај тоа, тие се одлично друштво на забавите, а нивната единствена маана е што се премногу критични.

Група O

Оние со оваа крвна група се дружељубиви и оптимистични, лесно ќе се согласат на сите предлози и нема премногу да инсистираат на себе. Обожаваат да се гушкаат, а тоа го комбинираат со одлично чувство за романтика. Заедно со оваа добра страна, имаат и неколку лоши страни – љубоморни се, суетни и арогантни, затоа немојте да се изненадите ако „копаат“ низ вашиот телефон.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement