Полн со минерали и витамини…
Кога велите здрава храна, повеќето луѓе веднаш помислуваат на брокула со причина.
Четири минути се доволни за подготвување на дршката на овој зеленчук, а две ќе бидат „ал денте“ за цветот, но ако ви се допаѓа помек, слободно оставете го уште една минута.
Додадете лук и маслиново масло во брокулата подготвена на овој начин и ќе добиете одлично и здраво гарнирче за риба или месо.
Одличен за слабеење
Една чаша сецкана брокула има 25 калории, помалку од 5 грама јаглехидрати, многу малку протеини и воопшто нема маснотии, но има многу корисни минерали и витамини.
Силни коски
Брокулата содржи витамин К, кој е клучен за згрутчување на крвта, здрави заби и јаки коски. Овој често заборавен чувар на срцето помага и против кардиоваскуларни заболувања.
Против настинки
За брокулата, исто така, може да се каже дека е одличен зеленчук, со необичен изглед, кој има изобилство на витамин Ц. Во текот на зимските денови, кога преовладуваат грипот и настинката, додајте му малку брокула на вашиот оброк, свежо исцеден сок или смути – тоа е убав украс, но и одлично за вашиот имунолошки систем.
Здраво срце и крвен систем
Брокулата исто така содржи хром, минерал кој го регулира шеќерот во крвта и помага во спречување на дијабетес, висок холестерол и болести на крвниот систем.
Ја подобрува меморијата
Доколку имате проблеми со лошо расположение, меморија и концентрација, ставете брокула во дневното мени бидејќи е добар извор на витамин Б9, или фолна киселина. Фолната киселина е одлична за црниот дроб.
Превенција од рак
Брокулата содржи активни состојки – антиоксиданти, за кои е научно докажано дека штитат од развој на малигнитет и го намалуваат ризикот од карцином на цревата, желудникот, дојката, матката и простатата.
Природна детоксикација
Изобилството на здрави состојки од овој зеленчук делува како природен чистач на токсини од телото. Тие помагаат да се исфрлат токсините и се неутрализираат штетните ефекти.
