Во рецептот на познатиот готвач нема одделување на белки од жолчки, нема мерења и специјални состојки.
Состојки:
1 чаша брашно
1 чаша млеко
1 јајце
1 лажичка прашок за пециво

Подготовка:
Изматете ги сите состојки, а потоа намачкајте ја тавата за палачинки со две капки масло и ставете ја на шпорет на тивок оган.
Кога ќе се загреат, ставете три лажици од смесата и печете.
Кога ќе почнат да се појавуваат „меурчиња“ на краевите, свртете ја палачинката и печете додека не добие златно-кафеава боја.
Послужете со јаворов сируп, овошје и мед, боровинки и слатка павлака.
Американските палачинки подготвени на овој начин може да се јадат и во солена комбинација или со солен фил.
