Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Без печење: Рецепт за фини чоколадни колачи од само 3 состојки

Ви се јаде нешто слатко, но немате време и намирници да направите комплициран десерт? Пробајте ги овие сирови колачи од чоколадо и путер од кикирики!

Состојки за колачот со три состојки:

170 грама млечно чоколадо
120 грама путер од кикирики
3 лажици шеќер во прав

Подготовка:

Чоколадото стопете го на пареа или во микробранова печка.

Добро измешајте го шеќерот во прав во путерот од кикирики.

Во метален калап за мафини ставете една лажица растопено чоколадо и намачкајте ја на површината. Потоа додадете една лажица од смесата од путерот од кикирики и шеќерот. На крај премачкајте со уште една лажица растопено чоколадо. Постапката повторете ја додека не ги потрошите сите состојки.

Ставете го во фрижидер околу еден час или додека чоколадото не се стврдне. Извадете ја оваа чоколадна фантазија од калапот и истурете. Добар апетит!

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement