Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Аргентински трик за совршена скара: Рецепт за божествен сос готов за 5 минути

Дружењето со скара и миризливите зелени чимичури во Аргентина е ритуал длабоко вкоренет во нивната традиција…

Чимичури е омилен аргентински сос направен од билки кој е одличен придружник на пилешко, свинско, јагнешко, но и јадења од компири и друг зеленчук. Аргентинците најмногу го сакаат со сочни шницли и месо на скара, а во нивната гастрономија е толку популарно што има статус на ритуал, исто како и пиењето чај во Велика Британија.

Иако на прв поглед изгледа како италијанско песто, вкусот е различен, и доколку сè уште не сте го пробале, може да ве воодушеви со неговиот освежителен, но полн вкус.

Состојки за чимичури:

25 гр свежи лисја од магдонос
25 гр свежи лисја од коријандер
5 гр свежи лисја од риган (обично оригано)
2 чешниња лук
½ лажички рендана кора од лимета
2 лажици свежо исцеден сок од лимета
2 лажици екстра цедено маслиново масло
¼ лажички сол
¼ лажички мелен црвен пипер

Подготовка:

Во мешалка измешајте ги сите состојки додека не добиете зелен и миризлив сос и послужете го со јадења со месо. Сосот ќе има најдобар вкус ако користите најсвежи билки.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement