За време на снимањето на емисијата за готвење се здебелила повеќе од седум килограми, но со голем труд успеала да ја врати витката линија.
Актерката и водителка Падма Лакшми има 52 години, но има и линија на која би и позавиделе помладите жени. Таа е водителка на натпреварот за готвење „Top Chef“, а неодамна призна дека внесува и до 9.000 калории за време на снимањето.

- Во првата полусезона,кога имаме многу конкуренти,внесувам осум или девет илјади калории дневно – вели Лакшими, која за сезоната се здебелила седум килограми.
Сепак, два поголеми броја на облека не ја тераат да се обиде да внимава на количината на храна што ја јаде.
- Премногу ја сакам храната за да се изгладнувам само за да изгледам убаво. Кога ќе заврши сезоната, одам во теретана пет пати неделно – изјавила Падма.
Таа вели дека вежба и за време на снимањето на емисијата, но дека повеќе внимава кога ќе заврши.
Како што вели, неодамна добила уште поголема мотивација да изгледа беспрекорно, бидејќи била поканета да се појави во култното издание за костими за капење на магазинот „Sports Illustrated“.

- Веднаш помислив дека морам да вежбам. За среќа, веќе бев прилично редовна во теретана, бидејќи помина само еден месец откако се вратив дома од снимање – рекла Падма и признала колку и значи оваа покана.
Падма вели дека е многу важно на жените од сите возрасти и типови на тело да им се покаже дека убавината има широк спектар.
– Благодарна сум на моето тело, кое ми овозможи да имам бебе, кое ми овозможи да се хранам како сакам – заклучила таа, а пренесува “Insider”.
