Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Ако сакате да изгубите тежина, нутриционистите препорачуваат 6 пијалоци што топат маснотии!

Доколку сакате да бидете во топ форма, покрај балансираната исхрана, исто така овие пијалоци можат да ви помогнат…

Ако се обидувате да изгубите тежина, покрај правилната исхрана, многу е важно и тоа што го пиете, велат нутриционистите. Хидратацијата е клучна за слабеењето, а многумина ја занемаруваат.

Нутриционистите откриле кои пијалоци се најдобри како средство за слабеење. Ако сакате да ја доведете линијата до совршенство, изберете ги овие пијалоци:

1. СОКОВИ ОД ЗЕЛЕНЧУК

Соковите од зеленчук се одличен извор на калиум и витамин Ц, но имаат многу помалку шеќер од овошните сокови. Покрај тоа, добивате голема количина на растителни влакна, а влакната помагаат дигестивниот тракт да работи подобро.

2. ЦРН ЧАЈ

Црниот чај е богат со кофеин и може да помогне во потиснување на апетитот. Докажано е и дека другите соединенија што се наоѓаат во овој чај можат да помогнат во процесот на разградување на масните наслаги, вели нутриционистот Ендру Вилсон.

3. КЕФИР

Кефирот е богат со пробиотички лактобацили кои ни помагаат да останеме сити подолго. Има мала содржина на маснотии и само 100 калории по чаша. Една порција од овој пијалок има дури 13 грама протеини. Тој е одличен пробиотик, затоа влијае на цревата и го забрзува метаболизмот.

4. ЗЕЛЕН ЧАЈ

Катехините во зелениот чај позитивно влијаат на согорувањето на калориите.

5. СОЈА МЛЕКО

Студија објавена во Journal of American Dietetic Association открива дека луѓето кои пиеле млеко од соја изгубиле килограми побрзо од оние кои не го конзумирале пијалокот.

Друга студија од 2012 година откри дека жените кои пиеле чаша соино млеко 4 недели пријавиле значително намалување на обемот на струкот. Нутриционистите забележуваат дека овој пијалок не треба да се претерува.

6. СМУТИ СО БОРОВИНКИ

Ќе ви требаат:

Половина чаша бадемово млеко

Грст боровинки

1 банана

Малку вода

Подготовка: Ставете ги состојките во блендер и пијалокот е подготвен.

Прочитај

____celebrity

Џеј Ло уште еднаш ги покажа своите беспрекорни модни избори. Откако присуствуваше на „свадбата на годината“ на Тејлор Свифт и Тревис Келс во петокот,...

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Advertisement