Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Ако ги исфрлите овие намирници од вашата исхрана, можете да го намалите потењето…

Мирисот додека се потите може да биде крајно непријатен, особено ако облеката што ја носите покажува огромни дамки од пот. Најчесто прво се појавуваат под пазувите, но можат да се појават и на други места.Иако на многумина ова им е непријатно, тоа е сосема нормално и всушност е начин на вашето тело да ја регулира температурата.

Исто така, потта нема свој мирис како што многумина мислат. Само кога ќе дојде во контакт со бактерии на телото, потта добива остар и непријатен мирис.

Докторката Лори Хупер од здравствената организација „The Natural Deodorant Co“ наведува дека потењето игра важна улога во одржувањето на нормалното здравје и му помага на нашите тела да ја регулираат телесната температура и да ги отстрануваат токсините.

Сепак, постојат некои намирници кои го зголемуваат потењето, па доколку сакате да ја намалите оваа појава, намалете ја нивната консумација.

Храната што треба да ја избегнувате се силните зачини како што се кари и чили. Нашето тело реагира на зачинета храна на ист начин како што реагира на високи температури. Овие намирници ве тераат да се потите повеќе за да го разладите телото.

Дополнително, д-р Хупер наведува дека и кофеинот треба да се избегнува бидејќи го стимулира централниот нервен систем и ги стимулира надбубрежните жлезди да работат понапорно.

Затоа, доколку сакате да го намалите потењето, внимавајте почесто да се туширате, да користите дезодоранси на чисто тело и да носите полесна облека направена од материјали кои овозможуваат пропуштање на воздухот, пренесува klix.ba.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement