Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Оставете ги мобилните телефони надвор од спалната соба: Време е за спиење!

Истражувањата покажаа дека силното светло од модерните телефони е заслужно за несоница кај повеќето луѓе.

Кога сонот никако не ви доаѓа на очи, а “ситните часови” поминуваат, вие најчесто мислите обврските утре, проверувате список на намирници кои морате да ги купите, размислувате за тоа како и што ви кажале во текот на денот…

Несоницата ве исцрпува до таа мера што ви е страв навечер да одите на спиење. Се плашите дека повторно нема да можете да заспиете и смислувате што може да направите по тоа прашање.

1

Повеќето луѓе спијат подобро кога од собата се исфрлени мобилните телефони и останатите електрични уреди, советува д-р Гај Медовс, специјалист за несоница.

Самиот доктор Медовис својот смартфон го остава во кујната во вечерните часови кога оди во кревет. Некои истражувања откриваат дека лицата кои го чуваат мобилниот телефон во близина на својата глава, за време на спиењето, страдаат од вртоглавица и болки во градите.

Се верува дека паметните телефони не се пожелни во спалните соби, поради типовите на светлина кои се емитуваат од екранот.

“Светлото стимулира мрежница на окото која ни пренесува информација во мозокот, па затоа не можеме да се одмориме, да спиеме”, вели д-р Медовс.

Поради забрзаниот ритам на живот, исклучително ни е значајно времето кога одмараме, поради тоа слушајте ги советите на лекарите и отстранете ја сета електроника од соба: Време е за спиење!

Прочитај

Advertisement