Ако ги следите трендовите во здравата исхрана, тогаш сигурно ке ве интересира новото хит растение (плод) кои изобилува со здрави состојки.
Со почетокот на новата година дојде и новото хит растение или плод кој сите го нарекуваат најздраво и најважно. Ги истисна од врвот и гоји и ацаи бобинките. Станува збор за бафало бобинките кои потекнуваат од Северна Америка. Плодовите им се мали и црвени, а вкусот е сладок и горчлив истовремено.
Нивното одгледување не бара многу напор, па се очекува дека многумина ќе почнат со производство. Нивното најсилно оружје се антиоксидансите кои ги содржат во изобилство и кои имаат антиканцерогено дејство. Иако многумина за прв пат слушаат за buffalo бобинките, сепак не се работи за нова намирница.
Најновите истражувања покажуваат таа е многу здрава намирница која не бара многу нега, па експертите веруваат дека нејзиното производство би можело да придонесе за подобрување на економијата на многу земји. Buffalo бобинките, меѓу другото, содржат високо ниво на ликопен, кој е познат како исклучително здрав поради тоа што го зајакнува имунолошкиот систем и е добар сојузник во борбата против разни видови на рак.