Пивскиот квасец се препорачува да се зема на секоја возраст бидејќи го штити црниот дроб, го отстранува уморот, ја одржува рамнотежата во цревната флора, спречува мачнина, ублажува тешкотии со варењето и поттикнува губење на телесната тежина.
Најдобро е да се консумира сув, бидејќи така максимално се искористува во организмот. Дневната доза поделена во три еднакви дела треба да изнесува меѓу шест и десет грама.
Во свежа состојба не треба да се зема бидејќи брзо се расипува, и има горчлив вкус. Од корисните состојки особено се истакнуваат протеините,бидејќи се слични на протеините од животинско потекло. Шеќер, железо, олигоелементи и витамини, посебно од Б групата, се состојки кои му даваат исклучителна вредност на пивскиот квасец.
Сувиот пивски квасец има значајна улога во диетотерапија на повеќе болести. Помага при дијабетес, заболување на органите за варење, воспаленија на слузокожата на желудникот, заболувања на црниот дроб и жолчката и т.н.
Пивскиот квасец треба да се зема барем два пати годишно, и тоа во рок од два месеци,бидејќи толку е потребно за да се покаже неговото делување. Во случај на некои посебни потешкотии, се зема два пати дневно.

You must be logged in to post a comment Login