Поврзаноста меѓу дебелеењето и депресијата, е зголемена во адолесценцијата, пред се кај девојките, покажуваат најновите истражувања.
Ова истражување опфатило 1.500 млади, на возраст од 11 до 24 години.
Во повеќе наврати научниците земале антропометриски мерења и ги интервјуирале младите, за да заклучат дали постои некое пореметување.
Констатирано е дека кај дебелите девојки е зголемен ризикот од депресија и обратно.
Депресијата може да доведе до дебелеење поради зголемениот апетит, недостаток на сон и летаргија, додека дебелината може да го зголеми ризикот од депресија поради ниската самодоверба, општествена стигматизација и намалената подвижност.
Од друга страна, таква поврзаност не е воочена кај момчињата.

You must be logged in to post a comment Login