Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

6 видови на храна кои треба да ги избегнувате за појадок

Квалитетниотутрински оброк е од суштинско значење за вашето здравје, па затоа е исклучително важно е каква храна избирате за доручек.

 

Ако сте од оние кои не го прескокнуваат појадокот, вам не треба да ви напомнуваме: Појадокот е најважниот оброк во денот. Но,тоа не значи дека треба да се јаде било што по секоја цена, само за да се каже дека сте имале појадок.

Некои видови на храна можат да дејствуваат прилично негативно и да направат да се чувствувате уморни, исцрпени и без енергија. И не е само заради тоа важно што консумирате за појадок. Утринскиот здрав оброк може да го намали ризикот од различни болести, како што се дијабетес и рак.

Ние ви напомнувамекои шест видови на храна треба да се избегнуваат во утринските часови:

Сланина, шунка и колбаси

Голем број на луѓе сакаат да имаат за појадок сендвичи со овие месни производи,несвесни дека оваа храна е на листата на 10тенајголеми убијци, бидејќи тааго зголемува ризикот за добивање на различни болести. Знаеме дека сакате месо, но можеби е време да го смените режимот на вашата исхрана. Бар наутро.

Житарици

Не сите житарици исти. Многу од нив содржат премногу шеќер и јаглехидрати, и кога ќе ги јадете вашиот шеќер во крвта се зголемува. Она што не го сакате е вишокот на енергија да го потрошите на почетокот на денот, најдобро е да се изберат житнарицибогати со целулоза и протеини.

Крофни, колачи од пекара и дански колачи

Не само затоа што тие се направени од бело брашно, но исто така имаат голема доза на шеќер, што е најлошиот избор за наутро кога можете многу брзо да го зголемите шеќерот во крвта. Ова значи дека многу брзо повторно ќе бидете гладни + се ​​зголемува ризикот од дијабетес и вишокот тежина. Исто така, голем број научници се убедени дека шеќерот и ракот се поврзани.

Готови сендвичи

Повеќето од таквите сендвичи содржат конзерванси и натриум. Во овој случај, ви препорачуваме сами да си направитесендвич.

 

Овошен јогурт

Овие јогурти имаат неколку стотици калории и скоро сите од нив за подобар вкус содржат засладувачи и хемикалии па затоа е подобро да ги прескокнете и изберете обичен јогурт.

Мафини

Тие спаѓаатвонајкалоричната храна која можете да ја изберете за доручек. Тие се мешавина од брашно, масло, шеќер и путер. Избегнувајте ја.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement