Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Оваа боб фризура е хит на Инстаграм! Жените брзаат да закажат термини

Особено во лето, но и на други начини, ги сакаме фризурите кои бараат минимално стилизирање.

Доколку и самите го претпочитате овој изглед и сте желни за промена, време е да го пробате таканаречениот скандинавски боб, кој во последно време се повеќе го гледаме на социјалните мрежи, а Glamour пишува дека сите кул девојки на Инстаграм го носат.

Скандинавскиот боб, како што сугерира и неговото име, потекнува од Скандинавија, а стана популарен затоа што е шик, ласкав и не бара многу грижа, односно одржувањето на фризурата е минимално.

– Бобот е многу ласкав сам по себе, а скандинавскиот боб се сече веднаш под линијата на вилицата и е идеален за оние кои сакаат малку подолга верзија на бобот. Го врамува лицето и ги нагласува неговите линии, а оние кои сакаат нешто поспецијално можат да пробаат и прамени на предниот дел од косата, што ќе ѝ даде на фризурата посветла рамка – објаснува експертот за Glamour. Тајната на добриот изглед на оваа фризура е во разделбата која е лежерно „превртена“, а на косата ѝ дава волумен и модерен допир.

Боб, истакнува експертот, е многу лесен за одржување и е одличен избор дури и за високи температури, а поради делот што не е строго дефиниран, косата изгледа многу опуштено и природно. При стилизирање, додавањето волумен на косата е клучно, а при сушење со фен, сè што ви треба е голема четка. Кога го сушите пределот околу разделбата, насочете го фенот во спротивна насока за да го постигнете посакуваниот ефект.

Како друга предност на фризурата, експертот ја истакнува нејзината должина, бидејќи косата е сè уште доволно долга за, кога сакате, да можете да ја стилизирате во ниска опашка или во пунџа.

Прочитај

Green Tea

Ако ги прашате мажите кој дел од женското тело го сметаат за најпривлечен, многумина веројатно би ги споменале нејзините гради или задник. Сепак, постои...

Green Tea

Експертите препорачуваат перење на завесите на секои три до шест месеци, а во кујната уште почесто – на секои два до три месеци. Пред...

интересно

„Државна лотарија презеде мерки за отстранување на наследените неправилности уште пред изработувањето и објавувањето на извештаите на Државниот завод за ревизија. Ревизијата на работењето...

Green Tea

Студеното време често доведува до сувост и лупење на усните, поради што карминот може да ги нагласи малите пукнатини и неправилности. Еден од начините...

Advertisement