Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Ѓумбирот е многу здрав, но овие групи луѓе треба да го избегнуваат

Овој лековит корен не е подеднакво погоден за сите луѓе. Некои групи на луѓе би требало да го избегнуваат…

Ѓумбирот често се нарекува и „универзален“ лек и за него се вели дека делува превентивно на многу здравствени тешкотии, вклучувајќи ги и најтешките заболувања.

Тој уште многу одамна се користи во медицинските цели, пред се поради своите антисептички својства.

Меѓутоа, овој лековит корен не е еднакво погоден за сите. Некои групи на луѓе би требало да го избегнуваат.

Трудници

Ѓумбирот содржи моќни стимуланси кои можат да доведат до прерани контракции. Трудниците особено треба да го избегнуваат во последните недели од бременоста.

Лица кои сакаат да се здебелат

Ѓумбирот е идеална намирнца за луѓето кои сакаат да ослабат, бидејќи го намалува апетитот и помага во елиминирањето на мастите. Од друга страна, оние кои се обидуваат да добијат некое кило треба да го избегнуваат, а исто така да ги избегнуваат и суплементите на база на овој корен.

Луѓе со пореметувања на крвта

Ѓумбирот ја забрзува циркулацијата, што генерално е добра работа, но не за оние кои имаат пореметувања на крвта како што е хемофилија. Во таквите случаи оваа билка може да ја влоши состојбата.

Луѓето кои пијат лекови за дијабетес и притисок

Доколку пиете лекови за регулирање на притисокот или дијабетес, спаѓате во посебно ризичната група кога станува збор за консумацијата на ѓумбирот, бидејќи оваа намирнца може да влијае на тоа како лековите ќе делуваат на вашиот организам. Особено е ризично да го комбинирате ѓумбирот со антикоагуланти, бета-блокатори и лекови на база на инсулин.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement