Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Чизмите што ги имавме како деца се вистински есенски хит: Се носат од октомври до мај и сите ги сакаат (ФОТО)

Гумените чизми кои нè спасуваа од дожд и барички во детството, направија голем камбек и станаа еден од водечките модни хитови оваа есен.

Практични и удобни, а воедно и водоотпорни, гумените чизми сега се многу повеќе од обична обувка за дождливи денови, тие се вистински моден детаљ.

Улиците на светските метрополи се полни со љубители на модата кои ги комбинираат со тесни фармерки или панталони, враќајќи нè во стилот од почетокот на 2000-тите.

Можете да ги најдете во различни дизајни и бои, па нема да ви биде тешко да го изберете вашиот омилен пар. Изгледаат многу уникатно и ако мислите дека им одговараат само на тинејџерки, се лажете. Без оглед на возраста, секоја жена може да изгледа одлично во различни пригоди со гумени чизми на нозете.

Иако некои сè уште ги перцепираат како робусни и несмасни, вистината е дека гумените чизми комбинираат функционалност и тренд, тие се совршени за дождливи есенски денови, а во исто време можат да го освежат и наједноставниот стил.

Доколку немате кодекс на облекување за на работа, можете да го освежите вашиот костум со гумени чизми. Не двоумете се да ги носите на прошетка или каде и да одлучите да одите, бидејќи се удобни и фенси.

Прочитај

Green Tea

Ново истражување сугерира дека грчкиот јогурт нуди придобивки што одат подалеку од само внес на протеини и има неверојатни придобивки за телото по тренингот....

Cotton Club

Ако постои едно парче облека што никогаш не излегува од мода, тоа се панталоните со широки ногавици. Од 1970-тите, тие се омилени меѓу жените...

____celebrity

Овие денови, сите зборуваат за раскинувањето на Никол Кидман и Кит Урбан. И додека сме љубопитни да знаеме што доведе до тоа, двајцата очигледно...

Green Tea

Кога зборуваме за витамин Д, обично зборуваме за недостаток, но понекогаш можеме да одиме во друга крајност. Имено, сè повеќе луѓе земаат додатоци на...

Advertisement