Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Топ 7 дестинации за есенско патување! Која и да ја изберете, нема да погрешите

Сезоната на летните одмори заврши, а доколку веќе размислувате за ново патување, ви ги претставуваме совршените дестинации кои мора да ги посетите наесен.

Есенските патувања носат посебен шарм и прават убави спомени. Европа во овој период од годината е божествена, а покрај тоа што ќе уживате во посета на градови на пријатни температури, ќе ве воодушеват и помалата гужва во есенските месеци, но и поевтините цени на пакетите.

Топ 7 дестинации  кои ги издвоивме се најубави во текот на есента, бидејќи тогаш природата се трансформира, а улиците и парковите добиваат живи бои, а пријатните температури и повремениот пад на дожд ве тераат да ги запознаете градовите во нов начин.

Прага – Чешка

Прага е идеален есенски град. Со фантастични паркови низ градот и скриени кафулиња кои нудат традиционална чешка кујна, Прага ги воодушевува сите љубители на фотографијата, како и оние кои знаат што е вистинско уживање. Прага, како една од омилените европски дестинации, е многу популарна во текот на летните месеци и околу новогодишните празници, па затоа е идеална наесен доколку сакате да ја избегнете гужвата.

Лага – Малта

Малта е мала островска земја на Медитеранот и иако е попосетувана во текот на летните месеци, треба да се нагласи дека е убава и во текот на есента бидејќи токму тогаш можете да одите наоколу и да уживате во морето. Главниот град Валета зрачи со романтични улички, живи бои, историски знаменитости… Гужвата е поднослива во септември и октомври, а температурите се идеални за разгледување и капење.

Лисабон – Португалија

Лисабон е главен град со најмногу сончеви денови во Европа, а во септември и октомври температурите се идеални за истражување на градот пеш. Овој магичен португалски град е препознатлив по прекрасните палати, бројните музеи, шарените улици, одличната храна… Гужвата на есен не е голема, а цените се многу достапни.

Минхен – Германија

Минхен е на врвот на секоја листа за патувања за есен. Овој град едноставно мора да го посетите во текот на септември и октомври, бидејќи тогаш на туристите им нуди незаборавно искуство – Октобарфест, најголемиот фестивал на пивото во светот. За време на фестивалот сите посетители можат да очекуваат гурмански специјалитети кои се вистински рај за непцето.

Истанбул – Турција

Истанбул е една од водечките дестинации за патување во есенските месеци. Овој град се протега преку Босфорскиот теснец, па дури и на два континента – Европа и Азија, што го прави единствен во светот. Ги воодушевува туристите со специфична мешавина на источни и западни влијанија, колоритна атмосфера која владее по улиците на градовите, како и насмеани локални жители кои ќе ве поздрават на секој чекор.

Тоскана

Најромантичниот регион на Италија – Тоскана ќе ви овозможи магија која вечно ќе ја паметите. Фиренца, Сан Џимињано и Сиена, како и Cinque Terre се места кои дефинитивно треба да ги посетите наесен, бидејќи тогаш нивните бои, природа и историски знаменитости ќе ве воодушеват. Откако ќе го посетите овој магичен регион, ќе имате спомени, но и фотографии како од најубавата разгледница.

Барселона

Барселона се наоѓа на брегот, а најдобро време за посета на овој прекрасен град е во септември и октомври, бидејќи тогаш температурите се идеални за разгледување и уживање во морето. Барселона нуди прекрасни паркови, познати знаменитости, широки булевари и шарени улици, но и одлична храна. Ваше е само да уживате во сите привлечности.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement