Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

„Град што умира“ во Италија: Дестинација што мора да ја посетите пред да исчезне

Чивита ди Бањореџо е средновековно гратче во централна Италија на околу 120 километри северно од Рим. Единствениот пристап е пешачкиот мост од блискиот град. Едно од најживописните гратчиња во цела Италија не е обична туристичка дестинација, а не се обични ниту неговите жители…

За почеток, тоа се мачките, кои ги пречекуваат туристите. Во гратчето доминираат поплочените, накривени и многу шармантни улици, а куќите се реставрирани во духот на старата архитектура.

Специфичноста на ова место е секако неговата положба, на стрмна карпа, отсечена од блискиот град Бањореџо со мал кањон. Единствената врска е пешачкиот мост долг 366 метри, кој се издига над бездната, центриран така што води директно до ѕидините што го опкружуваат селото.

Сепак, она што го прави Чивита навистина уникатно е тоа што веројатно е единствената италијанска дестинација која своеволно создаде прекумерен туризам и го искористи за добробит на селото.

Иако имаат обичај да го нарекуваат „селото што умира“, тоа „воскреснало“ и станало едно од омилените викенд дестинации на Италијанците, и сѐ популарно помеѓу странците.

Во 2018 година, милион луѓе го посетиле Чивита, од кои половина Италијанци, а половина странци.

Жителите на градот, за кој велат дека полека умира, се фокусирани на зголемувањето на туризмот.

За да го направат тоа, натписот на градот на листата на светското наследство на УНЕСКО, кој тие го бараат, би требало да им помогне.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement