Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Намирници за подобро помнење

Мозокот е нашиот компјутер кои работи 24 часа дневно и е најголем потрошувач на киселините и енергијата.

Кога забораваме додека сме млади тоа е во ред, но заборавањето во подоцнежните години станува зачестено и често е застрашувачко искуство.

Со текот на годините се помалку успеваме да останеме концентрирани, бидејќи мозокот е единствениот орган кој не се регенерира со годините.

Затоа, редовно консумирајте ја оваа „паметна” храна за подобро помнење и полесно размислување:

  1. Рибино масло

Рибиното масло како дел од секојдневната исхрана, ви ја подобрува меморијата и ве прави попаметни. Стручњаците велат дека омега-3 масните киселини, кои ги има во сардините, се одлична храна за вашиот мозок.

  1. Јајца

Преполни со витамини и минерали, тие се одлична храна за мозокот. Јајцата се извор на јодот и железото, но и на витаминот Б12 и најдобро би било да ги консумирате барем два пати неделно. Железото создава црвени крвни садови кои ја пренесуваат киселината до мозокот, а јодот пак, ја подобрува концентрацијата и способноста за решавање на проблемите.

  1. Зелен чај

Дали знаете дека човечкиот мозок содржи 80% на вода? Токму и затоа пиењето 8 чаши вода дневно е од суштинско значење за нашиот мозок и воопшто за функционирање на целиот организам. Зелениот чај би можел да биде одлично дополнување. Со три чаши дневно од овој чај, вие го подобрувате помнењето, а антиоксидансите кои тој ги содржи ве штитат од деменција, односно оштетување на мозокот.

  1. Чоколадо

Но не било каква чоколада, туку темната чоколада или чоколадата за готвење се одлични за подобрување на когнитивната способност. Стручњаците уште додаваат, дека состојките кои се наоѓаат во оваа чоколада влијаат врз создавањето на нови спомени и го подобруваат протокот на крвта во мозокот.

  1. Зеленчук

Зеленчукот како спанаќ и блитва е преполн со витамин Ц и бета-каротен. Исто така, тие зеленчуци содржат состојки кои се од клучно значење за подобрување на нашата меморија.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement