Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Храна богата со магнезиум

Повеќето луѓе не сфаќаат колку е важен магнезиумот за здравјето. Магнезиумот е суштински дел од над 300 метаболички процеси во организмот, што е и причина понекогаш овој важен елемент да е во кусок со снабдувањето.

Дефицитот на магнезиум во телото доведува до повеќе болести отколку кој и да е друг прехранбен недостиг. Овие болести вклучуваат остеопороза, астма, депресија, епилепсија, хипертензија, дијабетес, кардиоваскуларни болести – сите опасни за животот.

На која храна треба да се акцентира за да се заштитите од недостиг на магнезиум?

Темен лиснат зеленчук

Спанаќот, зелката и некои видови марула се идеален извор на магнезиум. Воопшто, зеленолистнот зеленчук е многу корисен и треба да се вклучува често во менито.

Јатки и семиња

Семки од тиква, сусам, бадемите, кашу, бадеми, кикирики, оревите се меѓу најбогатите со магнезиум јатки.

Риба

Обидете се да јадете по една порција риба 2 пати неделно. Лосос, камбала, туна, скуша се добри извори на магнезиум и корисни масти.

Грав

Зрнестата храна е моќен добавувач на магнезиум. Вклучете во исхраната повеќе грав, леќа, наут и грашок.

Цели зрна

Еве уште една причина да јадете интегрални житарици. Тие се богати не само со влакна и корисни за полека разградуваните јаглехидрати, но и на големи количини на магнезиум. Јадете киноа, просо, гриз, пченица, јачмен и овес.

Авокадо

Авокадото е вистинска суперхрана. Тоа обезбедува 15% од дневниот внес на магнезиум.

Млечни производи

Нискомаслените млечни производи како јогурт најчесто се исполнети со магнезиум. Козјото сирење и моцарела исто содржат значителни количини од важниот минерал.

Банани

Бананите обично се поврзуваат со повисоките нивоа на калиум, кој е исто така многу корисен. Но мора да се напомене дека магнезиумот во нив не е за потценување.

Суво овошје

Сушеното овошје како смокви, сливи, кајсии, урми и грозје се многу богати со овој прехранбен елемент.

Црна чоколада

Прекрасна причина да не се лишите целосно од чоколадо. Во него има завидна количини магнезиум, поради кои вреди да му одделите место во дневната исхрана.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
grandpashabet   holiganbet   casibom   casibom