Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

ЗОШТО Е ДОБРО ДА СЕ ЈАДАТ УРМИ? „Божествено овошје“ и богатство на здравјето

Немате поим колку се здрави…

Урмите, честопати нарекувани „божествено овошје“, се вистинско богатство на здравјето.

Природниот шеќер што се наоѓа во урмите е совршена алтернатива на обичниот шеќер. Тие се одличен извор на природни влакна кои се неопходни за добро функционирање на телото.

Одличен извор на железо

Ова е особено важно за оние кои страдаат од анемија. И овие луѓе треба да јадат што е можно повеќе од ова овошје. А железото, како дел од хемоглобинот, ја одредува количината на кислород во крвта. Децата и бремените жени имаат најголема потреба од железо.

Ја запираат дијареата

Урмите содржат калиум, кој е неопходен за запирање на дијареата. Тие исто така помагаат брзо да се обнови флората во цревата, со полесно создавање пријателски бактерии.

Ја регулираат телесната тежина

Поради високата содржина на хранливи материи, ова овошје предизвикува чувство на ситост и помага во губењето на вишокот килограми.

Го намалуваат холестеролот

Тие имаат способност да ја намалат количината на несакан LDL или лош холестерол во телото. Затоа ова овошје е одлична храна за луѓе кои имаат висок холестерол

Зајакнување на срцето

Луѓето со слабо срце можат да го користат ова неверојатно овошје. Во текот на ноќта, потопете ги урмите со семките во вода. Наутро, извадете ги семките од нив, сомелете ги во блендер заедно со водата во која стоеле во текот на ноќта. Земајте го овој лек неколку пати на ден за да го зајакнете срцето.

Ја зајакнуваат забната глеѓ

Урмите содржат флуор, кој е суштински минерал во борбата против кариесот, бидејќи спречува понатамошно расипување на забите. Урмите може да се дадат на мало бебе кое им никнуваат заби за да ја смука. Ова ќе ја намали болката во непцата кај бебињата.

Урмите се добри за лекување на црниот дроб и чистење на телото од токсични супстанции. Земањето сок од ова овошје помага во лекувањето на болки во грлото, како и различни видови трески.

Прочитај

Advertisement