Извршниот директор на американската технолошка компанија „Астрономер“, Енди Бајрон, е суспендиран откако беше фатен како изневерува со колешката Кристин Кабот на концертот на „Колдплеј“ во Бостон.
„Астрономер“, каде што двајцата работат, издаде официјално соопштение два дена по инцидентот, најавувајќи истрага.
„Астроном е посветен на вредностите и културата што нè водат од нашето основање. Од нашите лидери се очекува да го постават стандардот и за однесувањето и за одговорноста“, рекоа првично.
Во истото соопштение се додава дека одборот на директори започнал формална истрага и наскоро ќе сподели повеќе информации. Исто така, се нагласува дека видеото не ги прикажува другите вработени во компанијата.
Во меѓувреме, Пит ДеЏој, коосновач и главен директор за производи, е именуван за привремен извршен директор.
Компанијата, исто така, ја негираше изјавата на Енди Бајрон што циркулираше на интернет, тврдејќи дека таквите коментари се лажни и дека тој самиот не дал никаква изјава.
Патем, сега суспендираниот извршен директор на „Астрономер“, Енди Бајрон, и директорката за човечки ресурси на компанијата, Кристин Кабот, беа фатени како ги изневеруваат нивните партнери на концертот на „Колдплеј“ во Бостон, а социјалните медиуми постојано зборуваат за скандалот, а мемињата ги преплавија сите платформи.
Бајрон ја прегрнувал Кабот, а нивната интимност ја забележа фронтменот на бендот, Крис Мартин, кој рече: „О, погледнете ги овие двајца“, по што беа прикажани на големото платно.
Само неколку секунди подоцна, Бајрон нагло ги пушти рацете на Кабот и се обиде да се скрие зад оградата, додека таа го покри лицето со рацете. Сцената предизвика смеа кај публиката, а Мартин рече: „Или имаат афера, или се само многу срамежливи“.
Видеото брзо беше споделено на социјалните мрежи, а бројни гледачи го обвинија Бајрон за неверство. Инаку, Бајрон е во брак со Меган Кериган Бајрон, со која има две деца, а се наведува дека и Кристин Кабот е во брак.
