Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Автомобилите во лето послабо “влечат” – еве зошто

Високите температури не се предизвик само за луѓето, туку и за автомобилите.

Во лето, иако моторот побрзо ја достигнува работната температура, се соочува со пад на ефикасноста и моќноста, пишува HAK revija.

Причината лежи во промената на густината на воздухот – топлиот воздух е поредок, со помалку кислород, што значи дека согорувањето на горивото во моторот не е оптимално. Контролната единица на моторот (ECU) се обидува да ја компензира разликата, но поради помалата количина кислород во влезниот воздух, перформансите се намалуваат. Ова е нормална појава, а не дефект.

Падот на перформансите е дополнително под влијание на употребата на климатизација, која црпи енергија од моторот. Сепак, возењето без климатизација во автомобил загреан на 60 степени не е опција. Накратко – се очекува мал пад на моќноста за време на екстремна топлина и не е причина за загриженост.

Прочитај

Advertisement