Бред Пит и неговата партнерка Инес де Рамон се појавија на црвениот тепих во Лондон синоќа на премиерата на филмот „Ф1“, а Рамон привлече посебно внимание со својот моден аутфит.
За оваа пригода, де Рамон се одлучи за долг сребрен фустан со светки, со уникатен крој што го истакнуваше нејзиното деколте.
Комбинацијата ја надополни со суптилни парчиња накит, како што се сребрени обетки, а модниот аутфит беше заокружен со сребрени потпетици и сребрена чанта со реси.
Со разбушавена коса и едноставна шминка, фокусот на нејзината комбинација беше фустанот. Пит се одлучи за елегантен темнозелен костум за оваа пригода, кој го надополни со сатенски шал околу вратот.

Посебен момент на црвениот тепих што ја покажа блискоста на двојката беше кога де Рамон нежно го намести шалот околу вратот на Пит.
Додека одеа по црвениот тепих, двојката разменуваше насмевки и се упати кон премиерата на филмот во добро расположение.


