Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Изнајмете ја куќата на Ештон Кучер и Мила Кунис бесплатно! Актерскиот пар лично ќе ги пречека гостите (ФОТО)…

Актерската двојка Мила Кунис и Ештон Кучер решија да ја изнајмат својата куќа на море за една ноќ, потполно бесплатно.
Актерот Ештон Качер и актерката Мила Кунис нудат бесплатно сместување во нивниот дом, кој го нарекуваат „океанска оаза“ во Санта Барбара. За работите да бидат уште подобри, по пристигнувањето, гостите ќе бидат пречекани со личен пречек од ова актерско дуо.

Куќата има две спални соби и една бања, како и топла када со поглед на океанот. Посетителите можат да ја добијат оваа единствена можност денес, кога ќе започнат резервациите.

Како што открија, до четири лица ќе можат да уживаат бесплатно едно ноќевање во сабота на 19 август. Гостите ќе можат да уживаат во некои од омилените активности на славниот пар, вклучително и посета на плажа и пешачење патеки во близина за да уживаат во прекрасниот панорамски поглед на брегот. Тие исто така можат да ги посетат локалните продавници и ресторани, кои се на само неколку минути од куќата, пред да ја поминат ноќта играјќи друштвени игри.

Во видеото на социјалните мрежи, Ештон рече:

  • Мислам дека треба да дојдат странци и да останат со нас на плажа. Многу е убаво овде.

Заедно со видеото напиша и:

  • Тоа не е најлудата идеја што сум ја имал. Останете со нас во нашата куќа на плажа и заминете со чувство како да сме стари пријатели!

Еве како изгледа нивната куќа:

Прочитај

____celebrity

Американската пејачка и актерка Аријана Гранде се појави во средата вечерта на светската премиера на филмот „Focker-In-Law“ во њујоршкиот театар „Бикон“, придружувана од нејзиното...

Green Tea

Кај младите корисници на електронски цигари, по просечно една година, е забележано значително намалување на функцијата на белите дробови, се вели во мала прелиминарна...

____celebrity

Меган Маркл се соочи со критики откако се повлече од одржување говор за безбедноста на децата на интернет, кој требаше да го одржи заедно...

Green Tea

Лицето ќе изгледа одморено и посвежо. Нема потреба да посетувате козметички салон за убав тен, да трошите пари на скапи третмани или да купувате...

Advertisement