Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Деми Мур ужива во летниот одмор: Покажа завидна фигура во оскудно бикини…

60-годишната актерка, која неодамна стана баба, се чини дека нема ни грам вишок, а нејзиното лице изгледа прилично младешки.Актерката Деми Мур деновиве крстосува по Медитеранот како многу Американци со длабоки џебови, а моментално со своето друштво плови по грчките острови. Фотографите ја „уловиле“ во идилично расположение, па шеесетгодишната Деми може да се види како лежерно влегува во морето.Деми покажа завидна фигура во бикини од американскиот бренд Onia со гаќички исечени во форма на блага буква „V“. Деми беше без шминка, косата и беше во висока пунџа, а очите ги штитеше со очила за сонце во стил на авијатичари дури и кога беше во море.

Актерката го поминува времето со своите пријатели Андреас и Атанасија Стегос на нивната луксузна јахта, а освен пријателството ги поврзува и тоа што Деми е кума на нивната најмлада ќерка Аријадна-Зое. Тројцата пријатели биле видени како уживаат во ручекот со Џеф Безос, основачот на Amazon и еден од најбогатите луѓе во светот, и неговата свршеница Лорен Санчез, а средбата се случила на суперјахтата на Безос, вредна 500 милиони долари.Деми обично доста често објавува вести од својот живот на социјалните мрежи, но сега е малку паузира.Таа пред неколку дена објави дека се релаксира со своето куче и не напиша каде се одмара, но нејзините следбеници препознаа дека е во Грција.

Со нејзиниот поранешен сопруг, поранешна филмска ѕвезда, 68-годишниот Брус Вилис, кој се бори со тешка деменција, Деми Мур има три ќерки – Румер, која има 34, Скаут, која има 32 и 29-годишната Талула.Поранешните сопружници го добија своето прво внуче во април – Румер ја роди ќерката Луета. Пред да замине на одмор, Деми учествуваше на протестен митинг во знак на солидарност со колегите од SAG-AFTRA, Американската федерација на телевизиски и радио уметници, кои штрајкуваат.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement