Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Фитнес рутината на Меган Маркл: Што е заслужно за нејзините затегнати раце и мускулесто тело…

Војвотката оваа година го прослави својот 42 роденден, а сите се прашуваат како успева да го одржи своето витко тело.

Меган Маркл не престанува да биде дневна тема на таблоидите; од скандали и модни прашања, до прашања за тоа што јаде војвотката, со кого се гледа и како успева да одржи беспрекорна линија на телото.

Иако е во петтата деценија од животот, оваа темнокоса убавица има мускулен тонус на кој би ѝ позавиделе и дваесет години помладите девојки од неа.

Дали е тоа генетика, тренинг или здрава исхрана?

Би рекле, сите три фактори. А што прави Меган што успева да изгледа толку совршено?

  1. Комбинации на повеќе спортски активности
    Имено, Меган комбинира јога, пилатес, бокс, долги прошетки и тренинзи за сила за да ги постигне посакуваните резултати.

Тренерот Александар Легезенски вели дека постигнувањето затегнати рамења и раце се сведува на еден едноставен фактор: волумен на мускулите наспроти волумен на маснотии.

Тој наведува дека тренингот со отпор е најдобрата опција; отпорност од тежината на тегови, ленти или телесна тежина. Сè додека мускулот е предизвикан, тој работи. Меган редовно практикува пилатес и јога, кои го постигнуваат истиот резултат.

  • Тренингот со отпор создава витки, долги мускули. Нема поубаво чувство од тоа кога ќе ја гледате трансформацијата на вашето тело и вашата психа во посилна, поздрава верзија – објаснува Александар Легезенски.
  1. Исхрана
    Легезенски објасни дека, покрај градењето мускулна маса, уште еден важен чекор е управувањето со нивото на маснотии, така што тонирањето на мускулите е видливо, поради што здравата исхрана е неопходна.
  • Не мора сите да преземаат исти чекори. Некои луѓе ќе мора да јадат помалку, други исто, а некои ќе мора да јадат повеќе – наведува тој.

Меган претходно изјави дека нејзината исхрана е главно риба и зеленчук. Рибата нуди посен протеин кој ги поддржува мускулите без додавање маснотии, пренесува „Dailymail“.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom