Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

АКО НЕМАТЕ ИДЕЈА ЗА ПОЈАДОК,ПРОБАЈТЕ ГИ ОВИЕ 4 СУПЕР ЗДРАВИ ПРЕДЛОЗИ,ПРЕБОГАТИ СЕ СО ВИТАМИНИ И ЖЕЛЕЗО,А ВООПШТО НЕ ДЕБЕЛЕААТ…

Пробајте ги овие 4 супер здрави предлози за појадок!Малку шеќер и многу железо!

Појадокот е најважниот дел од денот.Многумина го прескокнуваат и на тој начин го нарушуваат нормалното функционирање на организмот. Една студија дури покажа дека прескокнувањето на појадокот го скратува животниот век. Кога веќе е утврдено дека појадокот е важен, се поставува прашањето – што е најдоброто? Д-р Мухамед Џенсон понуди четири опции за појадок со малку шеќер и високо железо за да го започнете денот.

Тоа се: омлет со печурки и спанаќ, чиа пудинг, чинија киноа и тост од домати со авокадо. Па да одиме по ред:

  1. Омлет со печурки и спанаќ
    „Јајцата се одличен извор на протеини и здрави масти, кои можат да помогнат да се контролира вашиот апетит и да се намали грицкањето во текот на денот. Спанаќот и печурките се нискокалорични и богати со железо, обезбедувајќи основни хранливи материи без додавање на дополнителен шеќер. Дополнете го омлетот со порција крцкаво, свежо овошје или парче тост од цело зрно“, советува д-р Мухамед.
  1. Чиа пудинг
    Потопете чиа семе преку ноќ во вашето омилено млеко и наутро вашиот појадок е веќе подготвен! Чиа семето е богато со омега-3 масни киселини, влакна и растителни протеини. Ќе имате енергија во текот на денот. Секогаш можете да го додадете вашето омилено овошје или јаткасти плодови.
  1. Киноа
    Киноа, јужноамериканско зрно попознато како „злато на Инките“, е една од оние суперхрани кои ќе го задоволат вашето тело со потребните хранливи материи. Богат е со протеини, амино киселини, несварливи влакна, фосфор, магнезиум, цинк, бакар, манган и железо, а луѓето алергични на глутен можат без проблем да го консумираат.

Откако ќе ја сварите, зачинете го со банана и јаткасти плодови. На сето тоа можете да додадете и една лажичка мед.

  1. Тост од домати со авокадо
    Друга суперхрана е авокадото. Богат е со влакна, калиум, висок процент на витамини Е, Б и фолна киселина. Исто така, содржи „добри“ незаситени масти кои го намалуваат нивото на „лошиот“ холестерол, додека доматите се моќен антиоксиданс.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement