Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Бела Хадид отворено проговори за нејзината здравствена состојба и долгогодишната борба со Лајмската болест: „Страдав, но не се откажав“…

По ревијата на француската дизајнерка Симон Порте Жакемус во градините на Версај, супермоделот Бела Хадид беше подложена на медицински третман, а нејзината постара сестра Џиџи Хадид пред неколку дена на социјалните мрежи ја откри причината. Имено, една од најубавите жени на светот веќе единаесет години се бори со Лајмска болест, истиот здравствен проблем од кој страда и канадската поп сензација Џастин Бибер. За среќа, славната манекенка конечно може да здивне бидејќи на нејзината голгота и дојде крајот, а таа сега јавно проговори за својата долгогодишна борба…

Откако манекенката Џиџи Хадид ја сподели со своите следбеници на Инстаграм веста дека нејзината помлада сестра Бела е подложена на интензивно лекување, и дека се повлече од работа за да се посвети на своето здравје, сега се огласи и самата Бела Хадид.

Имено, 26-годишната убавица цела деценија се бори со Лајмската болест која се пренесува преку крлежи, а сега на Инстаграм сподели долга објава во која зборува за своето здравје.

„Малата јас што страдав ќе беше толку горда на мене како возрасна затоа што не се откажав“, ја започна својата долга објава познатата манекенка.

„Благодарна сум на мајка ми што ги чуваше сите мои медицински наоди, што беше покрај мене цело време, никогаш не ме остави, ме чува и ме поддржува, но најважното – што ми веруваше цело ова време. Животот со оваа состојба, која се влошуваше со текот на времето и работејќи да се гордееме себеси, моето семејство и луѓето околу мене, го направи својот данок на многу начини што сè уште не можам да ги објаснам. Најпрво сакам да ви кажам дека сум добро и да не се грижите. Второ, не би менувала ништо, ако треба да го направам тоа одново за да дојдам до овој момент каде што сум сега, конечно здрава,повторно би го направила.Тоа ме направи личноста што сум денес. Имам многу благодарност за животот и гледам назад на него, овие 100+ дена на Лајм, хронична болест, третман на инфекции, скоро 15 години невидливо страдање, сето тоа вредеше ако можам да ширам љубов низ мојот живот и да бидам во можност да бидам јас, за прв пат во животот“, напиша американската убавица во својата објава и се заблагодари на агенцијата, агентите, лекарите и медицинските сестри.

Таа нагласи и дека тешкиот пат низ кој поминала на крајот бил позитивен. „Што се однесува до можното враќање на пистата? Ќе се вратам кога ќе бидам подготвена“, додаде таа.

Лајмската болест е инфекција предизвикана од бактеријата Borrelio burgdoferi, а се пренесува со каснување на заразен крлеж. Се јавува во локализирани региони низ Европа ,САД, поранешниот Советски Сојуз, Јужна Африка, Австралија и Азија. Најчести симптоми на Лајмска борелиоза при рана инфекција се: болки во мускулите и зглобовите, главоболка, треска, слабост, тешкотии со концентрирање.

Канадската поп ѕвезда Џастин Бибер со години страда од истата состојба.

Прочитај

____celebrity

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез се во врска девет години, и се чини дека дојде време славниот пар да застане...

Green Tea

Лиснатите зеленило се одличен начин за подобрување на вашето здравје бидејќи содржат многу клучни хранливи материи, витамини,минерали и антиоксиданси,поради што нутриционистите препорачуваат да ги...

Wall Street

87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата...

____celebrity

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан го подигна трендот „гол фустан“ на следно ниво позирајќи за фотографии во целосно проѕирен фустан од чипка. 45-годишната актерка сподели...

Advertisement