Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Боб Дилан одлучи да го продаде својот историски замок “Aultmore House” за 3,5 милиони евра…

Имотот во Шкотска, кој долги години беше во сопственост на музичката легенда Боб Дилан, сега е на продажба. Вила со 16 спални Aultmore House во Хајлендс, во близина на Нети Бриџ, се продава за 3 милиони фунти (околу 3,5 милиони евра).

Во 2006 година, Дилан ја купи Олтмор Хаус со својот брат за 2,26 милиони фунти. „Вилата ја купија како место за одмор“, вели агентот за недвижности. „Последниве неколку години не можеа да го користат и тоа е причината за продажбата. До времето пред пандемијата на коронавирус, Боб и неговиот брат одеа таму неколку недели во текот на годината“.

Имотот се наоѓа во националниот парк Кернгормс и се простира на огромни 24 хектари опкружен со бујна шума. Главната куќа од 1.700 квадратни метри, која првично била изградена помеѓу 1911 и 1915 година, била целосно реновирана во 2000 година.

Оттогаш, 82-годишниот рокер и неговиот брат продолжија да го доградуваат имотот, вклучително и реновирање на системите за греење и топла вода. Во рамките на имотот има и три целосно реновирани викендички.

Внатре во главната куќа, структурата сè уште ги задржува деталите од периодот како што се мермерни камини во повеќето простории за прием, гипсени работи на таваните и сводовите и дрвените подови низ домот. Покрај влезот, заедничките простории вклучуваат билијард, дневна соба и свечена трпезарија. На приземје има и две кујни, канцеларија и дневна соба.

Шетајќи низ градината на импозантната вила, ќе откриете два павилјони, централна фонтана и живописно езерце.Импресивната глетка гарантира поетски вечери со песните на Дилан,па секој што е заинтересиран за овој имот тоа може да го направи на соодветната веб-страница на агенцијата за недвижности  Knight Frank која е задолжена за продажба.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement