Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Бремената Ријана го проширува бизнисот: ја објави новата колекција Savage x Fenty за (идните) мајки…

Нејзиниот специфичен стил на бременост е тема на многу разговори, но таа не се замара околу тоа и се концентрира на проширување на својата деловна империја.

Малку трудници предизвикаа толку многу модни контроверзии како Ријана. Додека некои ја нарекуваат икона на модата за трудници, други се згрозени од нејзините предизвикувачки комбинации. Како и да е, Ријана ја сврте секоја дискусија во своја полза и ја искористи како деловна можност.Така сега, во втората бременост, таа објави нова колекција на нејзиниот бренд Savage x Fenty и таа е наменета за мајки.

Ријана им понуди на трудниците колекција чија цел е да ја зајакне самодовербата и да обезбеди удобност во секоја фаза од ова животно патување. Сакам да ги потсетам луѓето дека, како родител, сè уште можете да бидете секси и да се чувствувате добро“, изјави пејачката за Vogue.

Ријана лично ја дизајнираше оваа колекција, која вклучува три нови стилови на градници, погодни за доилки и предимензионирана маица на која пишува „Make more babies“. Линијата доаѓа во широк опсег на големини од XXS до 4XL што одговара на нејзината визија дека секоја жена може да ја носи нејзината облека, а цените се движат од 35 до 60 долари и се достапни во онлајн продавницата Savage x Fenty.

Пејачката стана мајка за прв пат во мај 2022 година, кога таа и нејзиниот партнер Ашап Роки добија син.Втората бременост ја најави во февруари додека настапуваше на  Super Bowl за време на изведбата на нејзиниот хит „Diamonds“.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom