Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Жизел Бундхен ги поместува границите на насловната страница на „Vogue“: Вака изгледа супермодел на 43 години…

Силни црти на лицето и остар поглед на убавата Жизел.

Новите фотографии на супермоделот уште еднаш покажаа дека оваа професија навистина е створена за неа.

Убавата Жизел имаме можност да ја видиме во неколку различни стајлинзи, а секој од нив е потсетник колку супермоделот е ненадминат пред камерите.

Сигурно беше вистински предизвик да се избере која фотографија ќе се појави на насловната страница на престижниот магазин, но дефинитивно победи онаа на која Жизел гледа право во камерата додека позира во беспрекорен црн фустан.

Целата насловна страница на магазинот „Vogue“ е всушност игра на геометриски форми. Прво, фустанот има рамно деколте, во форма на превртен трапез.

Голем акцент е ставен на нејзиното лице, токму поради правилните и нагласени црти. Со остриот изглед на нејзините сини очи, оваа фотографија добива друга „димензија“ и едноставно привлекува внимание.

Фотографијата која отиде со оваа „победничка“ е исто така одблиску, каде Жизел го покажа својот нежен и долг врат.

Стајлингот, кој исто така е многу впечатлив, е комбинација од тесно, пократко здолниште со длабок шлиц нанапред и голема машка јакна. Со големото деколте и познатиот модел на очила „Rayban“, овој стајлинг претставува спој на два света – машка и женска мода.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement