Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Палермо: Причини зошто сакаме да го посетиме овој прекрасен град на Сицилија…

Палермо, главниот град на Сицилија, италијански остров богат со историја и култура, привлекува посетители од целиот свет со својата единствена убавина и шарм.Имено, тоа е град кој со години мами туристи. Не е ни чудо, бидејќи ова колоритно и живо место има историја долга 2.700 години. Феникијците, Грците, Римјаните и Арапите владееле со овој град низ вековите.Таа богата историја оставила траги во градската архитектура, уметност, кујна и култура.

Palazzo dei Normanni
Без разлика дали ќе го посетите Палермо во летните или зимските месеци, нема да можете да се заситите од богатата уметност и култура низ овој историски центар на светското наследство на УНЕСКО. Една од најнезаборавните знаменитости на Палермо е нејзината препознатлива најстара кралска резиденција во Европа,Palazzo dei Normanni изградена на арапски темели од 9 век. Внатре во палатата, посетителите можат да ја видат Капела Палатина, која е позната по своите прекрасни мозаици.

Шарени пазари и улици кои ја прикажуваат историјата на градот
Друга иконска градба е катедралата во Палермо, која комбинира елементи од различни стилови поради повеќекратните реконструкции низ вековите. Катедралата е позната по својата импресивна мешавина на архитектура и уметност, со значително влијание на арапските и норманските стилови.

Додека шетате низ градот, ќе ги забележите и фасцинантните влијанија на арапската култура во архитектурата, а дефинитивно не заборавајте да го посетите и пазарот Баларо.Станува збор за колоритен локален пазар, со шарени тезги каде може да се најде свежа храна, зачини и традиционални производи.

Гастрономски специјалитети кои мора да ги пробате
Традиционалната кујна е уште една причина зошто овој град е познат. Нивните вкусни специјалитети вклучуваат тестенини со сардини, каноли, како и гранита сицилијан – сладолед направен од шеќер и вода.

Дополнително, не можете да го посетите Палермо без да пробате аранчини, пржени оризови топчиња со различни филови кои се вистинско уживање за вашиот вкус.

Најпознатиот симбол на градот – фонтаната Преторија
Фонтаната Преторија, позната и како Фонтана на срамот, е еден од неоспорните симболи на Палермо.Ја направил скулпторот Франческо Камилијани за вила во Фиренца. Сенатот на Палермо ги купил статуите кои пристигнале во градот во 1574 година, во 644 посебни делови. Камило Камилијани, синот на Франческо, создаде нов распоред, давајќи им на скулптурите нови значења засновани на локалните митови и легенди.

Плажи…
Покрај културните богатства и гастрономските специјалитети, Палермо има и прекрасни плажи. Во близина е Мондело, познато одморалиште со песочни плажи и кристално чисто море, кое привлекува локално население и туристи во текот на летните месеци.

Низ вековите, Палермо претрпе многу промени, но ја задржа својата автентичност и посебен карактер. Нејзината шарена мешавина на култура и архитектура го прави единствена дестинација што вреди да се истражува и да се доживее.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement