Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

КРИСТИ ТАРЛИНГТОН ФАСЦИНИРА ВО НОВАТА КАМПАЊА НА “CAROLINA HERRERA”…

Кристи Тарлингтон, вистински титан во светот на моделирањето, презема нова улога како заштитно лице на кампањата на CH Carolina Herrera за 2023 година.

Покрај убавата Кристи, главна улога во рекламната кампања има и колекцијата чанти Insignia кои Тарлингтон ги прикажува со непогрешлива елеганција. Пред објективот на Брижит Лакомб, згодна бринета позира во лежерно издание, тексас фустан, а нејзиниот стајлинг е комплетиран со кафена чанта. Сепак, различноста не завршува тука.

На друга впечатлива фотографија, Тарлингтон позира во црвен фустан, држејќи црна чанта со клач Insignia која е безвременска и модерна. На третата фотографија, Тарлингтон зашеметува во бел фустан со розова верзија на чантата Initials Insignia.

Тарлингтон, која се прослави во 80-тите и 90-тите како еден од најпознатите модели на ерата, повторно е во центарот на вниманието додека глуми во документарниот филм наречен “Супермодели”. Документарецот се фокусира на животите на Кристи Тарлингтон, Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Евангелиста и други модели.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement