Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

„ВО КОЈ УНИВЕРЗУМ Е ОВА ПРИРОДНО И БЕЗ ШМИНКА? Актерката која ослабе над 50 килограми,ги разбесни фановите…

Џесика Симпсон го покажа своето лице без шминка, а нејзината објава предизвика лавина негативни коментари.

За нејзиниот 43-ти роденден, пејачката, актерката и мајка на три деца, Џесика Симпсон, реши да се ослободи од сјајот и гламурот споделувајќи селфи без шминка на социјалните мрежи.

Сепак, овој навидум невин гест предизвика голема бура, а додека некои ја пофалија нејзината природна убавина, други беа огорчени од нејзината објава.

На сликата, Џесика апсолутно блескаше и му даде голема насмевка на камерата. Нејзината руса коса беше беспрекорно залижана, но објавата беше наидена на осуда од многумина.

„Извинете, но ова не е без шминка“, „Изгледате убаво, но не лажете дека сте без шминка“, „Во кој универзум е ова природно и без шминка“, „Маскара, сјај за усни, хајлајтер. Не сте без шминка и не е проблем, но не кажувајте дека сте“, се само дел од коментарите.

Да потсетиме, Џесика во изминатите неколку години помина низ драстични промени во својот изглед.

Имено, таа од септември 2022 година ослабела 45 килограми, а оваа информација во еден момент ги загрижи нејзините обожаватели.

Џесика извесен период конзумирала алкохол и таблети, а по третата бременост имала 108 килограми, што се заканувало да и го загрози здравјето, а еден од главните фактори што засекогаш го пречкртала бил алкохолот, а во последните две години не ставила ни капка алхохол.

Три бремености за осум години оставија трага на нејзината линија, а таа направи се за да изгледа како порано.

Луѓето ја нарекуваа со погрдни имиња и ја исмејуваа, а во еден момент, по последната бременост пред две години, таа во емисијата на Елен се пожали дека поради тежината не може ни да оди, ниту да помине низ вратата од собата.Инаку, таа во минатото беше мета на критики бидејќи претерува со интервенциите и филерите, поради што нејзиното лице изгледа поинаку во речиси секоја објава, а понекогаш е тешко да се препознае онаа слатка русокоса која беше „главна“ во Холивуд пред 17 години.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement