Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Најголемиот брод за крстарење во светот, Icon of the Seas, подготвен да плови на почетокот на 2024 година…

„Иконата на морето“ е пет пати поголема од „Титаник“, изградена е во Финска и ја чинеше компанијата Royal Caribbean две милијарди долари.
На социјалните мрежи го нарекуваат монструозен крстосувач, пловечки град, кој со својата тежина од 250 илјади тони и должина од 365 метри официјално е најголемиот, најтежок и најдолг брод во историјата на навигацијата. За споредба, „Иконата на морето“ е пет пати поголема од „Титаник“, изградена е во Финска и ја чинела компанијата две милијарди долари.Овој џиновски крстосувач може да превезува 7,6 илјади патници и 2,3 илјади членови на екипажот, а неговиот вкупен капацитет е приближно десет илјади луѓе. Бродот го има најголемиот воден парк во светот на море со шест тобогани, седум базени,а покрај сцената за настапи и тераса со базен наречен ‘chill island‘ , има и бар каде може да се плива.

Тестирање на навигација
Има повеќе од 40 ресторани, барови и ноќни клубови и 20 палуби. Исто така, постојат различни начини на кои патниците можат да престојуваат на „Ikon“, бидејќи нуди сместување за семејства од три, четири, пет и повеќе лица, како што се Family Infinite Balcony и Surfside Family Suite, кои имаат детски соби одвоени од оние за возрасни. Според Royal Caribbean, бродот за крстарење ги завршил своите први морски испитувања во Финска, каде што повеќе од 450 експерти учествувале во тестирањето на механиката на бродот цели четири дена. Сега има втор круг тестови на отворено море, а доколку нема непредвидени ситуации, „Иконата на морето“ ќе исплови со првите патници од пристаништето во Мајами во јануари 2024 година.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement