Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Лоши навики кои ве прават троми и безволни наутро…

Не е доволно само да внесете одредени навики во вашата утринска рутина, кои ќе ви помогнат да бидете попродуктивни, туку многу е важно да се ослободите од некои лоши навики, поради кои секое утро се чувствувате се повеќе и повеќе безволни и уморни.

Секако, поголеми се шансите денот да ви биде исполнет со волја за работа и позитивни мисли кога ќе се разбудите одморени, но факт е дека новиот ден се познава наутро. Затоа е многу важно денот да го започнете со правилните утрински навики, бидејќи после нив денот ќе биде многу подобар и поефикасен, пишува B92.

Сепак, не е доволно само да внесете одредени навики во вашата утринска рутина, кои ќе ви помогнат да бидете попродуктивни, туку многу е важно да се ослободите од некои лоши навики, поради кои секое утро се чувствувате се поуморни.

Откако ќе се разбудите, првото нешто што земате во раце е телефонот

Ова е еден од главните виновници зошто не станувате од кревет барем 20 минути по будењето и затоа ја одложувате продуктивноста за подоцна.

Обично се бањате навечер

Уживате во туширањето пред спиење, не знаејќи дека туширањето наутро драстично ја подобрува вашата продуктивност.Ладната вода ќе ве разбуди наутро и освен тоа ќе ве ослободи од насобраниот стрес и ќе ги отстрани трагите на замор.

Не вежбате наутро

Утринската физичка активност ќе ви ја обезбеди потребната количина на позитивна енергија, со која ќе бидете продуктивни цел ден. Вежбањето го стимулира ослободувањето на ендорфин (хормон на среќа) во вашето тело. Покрај тоа, на овој начин ќе пуштите повеќе кислород во срцето и белите дробови, што ќе ви обезбеди дополнителна енергија. Доволни се само 10 минути утринска активност за да го направите вашиот ден попродуктивен.

Не излегувате надвор долго откако ќе се разбудите

Многу истражувања покажуваат дека луѓето кои имаат помало количество на витамин Д во своето тело обично страдаат од хроничен замор. Овој витамин најмногу се создава кога нашето тело е изложено на сончева светлина, па затоа се препорачува што повеќе време да поминуваме надвор, особено наутро. Кога количеството на витамин Д во телото е регулирано, вашата енергија се зголемува и станувате попродуктивни и поенергични.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom