Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Сицилијански рај:елизабет Тејлор и Софија Лорен летуваа овде, а „Белиот лотос“ го направи глобално познат…

Со прекрасни глетки на јужна Италија и поглед на планината Етна, хотелот San Domenico Palace едноставно ве остава без здив.Ексклузивната локација во Таормина може да се пофали и со возбудлива историја.

Елизабет Тејлор и Ричард Бартон, Софија Лорен, Одри Хепберн се запишани во книгата за гости.Иако е познат како едно од иконските одморалишта во Италија, хотелот стана популарен ширум светот поради серијата „Белиот лотос“.Малиот град Таормина, изграден на многу стрмниот сицилијански брег, и на само 45 минути возење од Етна, најактивниот вулкан во Европа, со неговиот познат грчки амфитеатар долго време е магнет за театарските и филмските ѕвезди.

Оваа вековна зграда е во сопственост на Four Seasons од 2020 година, но историјата оди многу подалеку од тоа.Се шушка дека Френсис Форд Копола останал таму за време на овогодинешниот филмски фестивал во Таормина, Рис Витерспун и Ева Лонгорија биле меѓу ѕвездите на новата генерација кои летувале таму.

Сепак, во текот на децениите претходно, овој некогаш историски манастир од 14 век беше домаќин на ѕвезди како Софија Лорен, Одри Хепберн и Грета Гарбо. Нема да кажеме дека сите што биле некој во Холивуд во 60-тите и 70-тите биле тука, но ги имало многу.

Елизабет Тејлор и Ричард Бартон не само што ја посетиле оваа зграда во текот на 60-тите, туку наводно имале жестока расправија на терасата од нивниот стан. Што не беше ништо чудно за Елизабет и Ричард кои многу често раскинуваа и повторно се помируваа. На крајот на осумдесеттите екипата на „Белиот лотос“ го презела хотелот . И навистина, тешко дека би можеле да изберат посовршена локација од споменатата.

Првпат отворен како хотел во 1896 година, а бил изграден како доминикански манастир во 14 век. Промената се случи паралелно со новата репутација на Таормина како популарна дестинација за сликарите, заедно со онаа од интерес за француските и германските туристи како град познат по сексуалната слобода и бујните забави.

Денес оваа идилична дестинација е далеку од репутацијата што некогаш ја прослави, а сместувањето во неа останува резервирано за оние со подлабок џеб, бидејќи во овој хотел треба да потрошите помеѓу 900 и 1435 долари за една соба, а помеѓу 1535 и 5200 долари од ноќ за стан.

Се наоѓа на тиркизното Јонско Море,додека пак Етна дими како мистична глетка во неговата позадина, а бајковитиот брег на Сицилија се протега до каде што окото може да види.

San Domenico Palace каков што го гледаме денес е волшебна синергија на старото и новото, бидејќи античката уметност што му припаѓа на манастирот е опфатена со модерните уметнички дела од кустосот Џејмс Робертсон. Хотелот им нуди на посетителите 111 соби, вклучувајќи 43 апартмани, меѓу кои 18 кои имаат свои базени, што го прави San Domenico Palace единствениот хотел на Сицилија кој може да се пофали со ова.

Појадокот во овој хотел се одржува на засенчена тераса со поглед на раскошните градини дизајнирани од дизајнерот на пејзажи Марко Беј, каде што монасите кои живееле овде во минатото одгледувале лековити растенија. Беспрекорно одржуваните тревници се опкружени со насади со повеќе од 40 видови на цитруси, вклучувајќи лимони, портокали и грејпфрути, раскошен бугенвили обвиткан околу самиот хотел, а исто така има и дива и прекрасна градина полна со палми, гаури и мексикански.

Ресторанот Anciovi се наоѓа веднаш до бесконечниот базен, каде нијансите на плочките се внимателно избрани за совршено да ја рефлектираат сенката на морето и небото, чадорите со пруги се внимателно координирани со базенот, а дури и келнерите работат во униформи чии бои се во хармонија со надворешноста.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement