Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Дебито на Фарел за “Louis Vuitton” го собори рекордот од една милијарда прегледи на платформите…

Благодарение на паметните маркетинг потези, вклучително и вклучувањето на Фарел Вилијамс во креативниот тим, францускиот бренд е на добар пат да стане највлијателниот играч во модната индустрија.
Оваа година, се чини, незапирлив е модниот конгломерат LVMH на чело со амбициозниот Бернард Арно.Откако на почетокот на годината објавија дека го назначиле музичарот, продуцент и дизајнер Фарел Вилијамс на позицијата креативен директор на машката линија “Louis Vuitton”, љубителите на модата со нетрпение ја очекуваа неговата прва колекција. Некои, се разбира, јавно го изразија својот скептицизам, кој, како што се покажа,беше непотребен.

Имено, дебитантската колекција на Фарел пролет/лето 2024 година е полн погодок кој ги сруши рекордите на гледаност на социјалните платформи. Ревијата, која се одржа на парискиот Понт Нојф, беше прегледана дури 775 милиони пати на дигиталните канали на “Louis Vuitton”, додека дополнителни 300 милиони прегледи беа собрани на други, особено медиумски профили.

Соборени рекорди
Така, шоуто и придружните содржини беа прегледани најмалку милијарда пати, а вниманието на љубопитните корисници, покрај самата колекција, го привлече и друштвото на познати личности како Бијонсе, Ријана,Зендаја,Ким Кардашијан и другите кои го поддржаа дизајнерот.

За споредба, колекцијата, во чие создавање учествуваше KidSuper, а Росалија настапи на модната ревија, постигна 441 милион прегледи на каналите LV.

Дебито на Фаерел,пренесува порталот HypeBeast, генерира завидна количина на содржина и онлајн дискусии – шоуто беше споменато во 42.000 објави, а беа снимени 1,2 милиони твитови. На YouTube бројот на следбеници на каналот “Louis Vuitton” се зголеми на три милиони, а брендот стана најследен луксузен бренд на таа видео платформа.

Благодарение на паметните маркетинг потези, вклучително и вклучувањето на Фарел во креативниот тим, францускиот бренд е на добар пат да стане највлијателниот играч во модната индустрија.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement