Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ги сакаат и Кејт Мидлтон и Амал Клуни: Ултра трендовски чевли за летото 2023 година кои го прават секој стајлинг гламурозен…

Металик чевлите се главниот тренд за летото 2023 година.„Металик чевли“, односно чевли со метален сјај, се совршен избор за свечен стајлинг за летото 2023. Тие се враќаат во мода, а стилските икони како Кејт Мидлтон и Амал Клуни веќе ги комбинираат во своите комбинации!

Металик трендовите кога станува збор за обувките се актуелни уште од пролетта, кога можевме да видиме сребрени или златни нијанси на мокасините или балетанките, а сега се „прошири“ и на сандали и чевли на високи потпетици.Ова особено се однесува на чевлите кои доминираат и генерално се главното парче на елегантен стајлинг, а овој тренд со себе носи и посебна нота на гламур кој славните дами природно го носат со себе и знаат како да ја комбинираат својата гардероба за максимален ефект.

Амал Клуни го покажа тоа во неодамнешното појавување на конференција во барот во Мадрид, кога се појави во златен сатенски комбинезон со едно рамо и метални обувки позлатени, за кои дизајнерот Џанвито Роси тврди дека се совршена комбинација на модерно и елегантно. И навистина му дадоа многу гламурозна нота на овој стајлинг!

Слични чевли одбрала и Кејт Мидлтон, а нејзините сребрени чевли ги искомбинирала со макси фустан со романтични детали во форма на бисери, машна и ефектни ракави.

Вакви шармантни модели носи и уличната кралица Кејти Холмс, а својот модел го искомбинирала со предимензиониран кожен капут и златни панталони.

Значи, овие чевли се модерно разновидни и дефинитивно се добар избор за секаков вид на настани!

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement